Прометот во индустријата на странски пазари во април бележи раст од 12,8%, споредено со истиот месец лани, додека на домашниот пазар бележи намалување од 4%. Вкупниот промет на индустријата е зголемен за 7% на годишно ниво. Според податоците на Заводот, во април најмногу пораснал прометот на рударската индустрија и тоа за 24,3%. Веднаш по него е преработувачката индустрија која бележи раст на прометот од 6,2%. Со оглед на тоа што и двете гранки кои имаат остварено најголем раст на прометот, се извозно ориентирани, тоа значи дека побарувачката на европските пазари се стабилизира. И покрај кризата рударскиот сектор во Македонија не беше многу погоден, односно дека веќе подолго време цените се стабилни, па дури имаат и тенденција на раст. Според него, главен чинител за големиот раст на прометот во рударската индустрија имаат мермерните комбинати.
Прометот во индустријата на странски пазари во април бележи раст од 12,8%, споредено со истиот месец лани, додека на домашниот пазар бележи намалување од 4%. Вкупниот промет на индустријата е зголемен за 7% на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на Заводот, во април најмногу пораснал прометот на рударската индустрија и тоа за 24,3%. Веднаш по него е преработувачката индустрија која бележи раст на прометот од 6,2%.
Со оглед на тоа што и двете гранки кои имаат остварено најголем раст на прометот, се извозно ориентирани, тоа значи дека побарувачката на европските пазари се стабилизира.
Николајчо Николов, заменик генерален директор на рудникот за бакар "Бучим", вели дека и покрај кризата рударскиот сектор во Македонија не беше многу погоден, односно дека веќе подолго време цените се стабилни, па дури имаат и тенденција на раст. Според него, главен чинител за големиот раст на прометот во рударската индустрија имаат мермерните комбинати.
- Во рударскиот сектор во Македонија функционираат 200 компании, но најголем извоз имаат рудниците кои експлоатираат бакар, злато, олово, цинк и никел, на кои целото производство им е наменето за извоз - објаснува Николов. Според него, за разлика од металуршкиот сектор кој беше силно погоден од кризата, рударството остана стабилно.
- Цените на рудата останаа стабилни, имаа дури и раст и сега се на задоволувачко ниво. Очекуваме дека ќе останат вакви до крајот на годината - вели Николов.
Тој потенцира дека растот од скоро 25% на извозот во рударството во април се должи најмногу на мермерните комбинати и рудниците кои експлоатираат градежни материјали поради сезонскиот карактер.
Според вицепремиерот Владимир Пешевски, растот на индустријата во Македонија не е изненадување, но неговото зголемување ќе зависи од надворешната побарувачка.
- Кризата се уште не е надмината и сите досегашни проекции до кога ќе трае на еден начин се пролонгираат. Важно е дека во Македонија споредбено со останатите држави во регионот, тенденциите се нешто поповолни и сите меѓународни финансиски институции кажуваат дека релативно добро се справуваме со кризата. Сепак, треба да бидеме внимателни иако очекуваме позитивни трендови - нагласи вицепремиерот Пешевски.
Според податоците на Заводот за статистика, според главните индустриски групи, прометот во април 2013 година, во однос на април 2012 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 10,2 %, капитални производи за 20,5% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,9%, додека опаѓање бележи кај енергија за 68,5 % и трајни производи за широка потрошувачка за 7,5%.
Прометот во индустријата во првите четири месеци годинава, споредено со истиот период лани пораснал за 4,7%.